Тотенхем е главен во Лондон: Има ли спас за Челси?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси загуби уште еден натпревар во Премиерлигата под водство на Грем Потер, и тоа овој пат од големиот лондонски ривал Тотенхем.

Првиот гол на натпреварот падна на стартот на второто полувреме, кога Оливер Скип испрати одличен удар и ја затресе мрежата на Кепа, додека победата ја потврди Хари Кејн во завршницата од дуелот.

Тотенхем по 25 одиграни меча се наоѓа на четвртата позиција со 45 бодови, додека Челси е на 10. место со 31 бод.