Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот шампион Ливерпул славеше против Тотенхем со 4-3 во 34. коло од англиската Премиерлига и го скокна на табелата во првенството.
Ливерпул му даде дури три гола на Тотенхем за само 15 минути, а стрелци на головите беа Џонс, Диаз и Салах, по што Кејн погоди за 1-3 и ги врати надежите кај гостите.
Хеунг-Мин Сон намали на 2-3 во 77. минута, по што во третата минута од судиското надополнување Ришарлисон погоди за 3-3. Сепак, само две минути подоцна Диого Жота ги постави конечните 4-3.
„Црвените“ имаат 56 бодови на петтата позиција во Премиерлигата, додека Тотенхем е шести со два бода помалку.