Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Тотенхем се наоѓаат под голем удар на вирусот затоа што дури 13 лица од клубот се заразени и засега не е познато кој тим ќе излезе на мегдан против Рен во Конференциската лига.
За катастрофалната состојба со заразени фудбалери зборуваше и тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, а според медиумите, УЕФА планира да го одложи натпреварот.
Дуелот е планиран за четврток од 21 часот и поради тоа екипата на Рен пристигна во Лондон, но наскоро ќе дознаат дали залудно патувале.
Конте на располагање денеска имаше само 11 фудбалери, а потоа уште еден отпадна од конкуренција.
Тотенхем засега нема обезбедено место во следната фаза, па затоа ќе мора да слават во следниот дуел против Рен.