Тотенхем е во тесно: Мурињо ќе добие 40 милиони евра ако го отпуштат!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо доби голем број критики поради елиминацијата на Тотенхем од Динамо Загреб во Лига Европа.

Британските медиуми пишуваат дека Португалецот ќе добие отказ, но Мурињо има договор, кој му гарантира многу милиони евра.

Мурињо има договор до 2023 година, а кога пристигна во Лондон си обезбеди клаузула во случај на отказ.

Тотенхем ќе мора да му плати 40 милиони евра ако реши да го отпушти Мурињо, а се шпекулира дека токму тоа е причината поради која Португалецот уште е на кормилото на тимот од Лондон.

Мурињо пред да се пресели во Тотенхем, ги предводеше Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Челси, Интер, Порто…