Тотенхем ги продава правата за името на стадионот и ги руши сите рекорди


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотенхем оваа година конечно го претстави новиот стадион кој подолг период се градеше и неколку пати беше одложувано враќањето на тимот во својот дом.

Сега кога се е завршено стадионот си го зачува името „Вајт Харт Лејн“ но од Тотенхем планираат да ги продадат правата на голема компанија по која би се викал стадионот во следните години.

Даниел Леви бара 25 милиони фунти годишно и договор на 10 до 15 години, но признава дека не е блиску до договор со некоја компанија.

„Етихад“ во моментов на Сити му плаќа 22 милиони фунти годишно,  а рекордна сума од компанија за име на стадион има Торонто кој за „Скотијабанк“ зема 24.4 милиони фунти од договор потпишан на 20 години.