Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо тргна со победа во неговиот нов клуб Тотенхем, откако во лондонското дерби го совлада Вест хем со 3-2.
Сон Хеунг-Мин погоди во 36. минута за водство од 1-0 на Тотенхем, а седум минути подоцна Лукас зголеми на 2-0.
На стартот на второто полувреме во листата на стрелци се запиша и Хари Кејн, кој донесе убедливо водство, по што домаќинот се отвори бидејќи немаше што да загуби, па преку Антонио и Огбона намали само на 2-3.
Тотенхем ја прекина црната серија, па со новите три бода се искачи на шестата позиција, на која ќе остане барем привремено, со 17 бодови, колку што имаат Шефилд јунајтед и Арсенал.