Тотенхем го договори Вилијан, а сега е на чекор да обезбеди потпис на уште еден слободен агент


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Медиумите во Англија пред неколку денови пренесоа дека Вилијан постигнал конечен договор и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Тотенхем.

Сега, Жозе Мурињо договорил уште еден фудбалер кој исто така ќе пристигне без никакво обесштетување.

Според „Метро“, нов фудбалер на „петлите“ ќе биде десниот бек на ПСЖ, Томас Меуние кој ќе си оди од францускиот клуб.

За Меуние имаше интерес и од Интер, но се верува дека Тотенхем успеал да го убеди играчот да се пресели во Англија по крајот на сезоната.