Тотенхем го посакува играчот кој одреден период беше топ цел на Челси

Од редовите на Тотенхем се заинтересирани во своите редови да го донесат напаѓачот на Баер Леверкузен, Леон Бејли.

„Скај Спортс“ пишува дека и фудбалерот е заинтересиран да се пресели во Премиер лигата откако за него претходно имаше голем интерес од тимот на Челси.

Мурињо потврди дека му е потребен нов напаѓач кој ќе биде резервна опција за Хари Кејн, а се чини дека Бејли е идеално решение затоа што може да покрие и на позицијата напаѓач, но еднакво добро се снаоѓа и на крилните позиции.

Сепак, доколку Тотенхем сака да го ангажира играчот ќе мора да исплати 40 милиони евра на „фармацевтите“.