Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Фудбалерите на Тотенхем ја освоија Лига Европа, откако во големото финале во Билбао го победија Манчестер Јунајтед со резултат 1:0. Голот го постигна Бренан Џонсон во 42. минута.
Тотенхем стигна до четвртиот европски трофеј, трет во ова натпреварување, а прв по 1984 година. Лондончани во своите витрини имаат и еден пехар од одамна укинатиот Куп на победници на Куповите.
Освен европската титула, залогот вечерва беше и директен пласман во Лига на шампиони, а многу интересно е што во ова финале се сретнаа екипи кои се наоѓаат на 16-то и 17-то место во англиската Премиер лига.
Сезоната одеднаш стана историска, клубот ќе биде дел од Лига на шампиони од септември, додека Јунајтед доживеа вистинска катастрофа и следната сезона нема да биде во Европа.