Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека Тотенхем со години бара еден квалитетен шпиц, кој ќе биде алтернатива за Хари Кејн.
Англискиот напаѓач важи за еден од најдобрите на светот, но нема соодветна замена во Северен Лондон, што знае да биде сериозен проблем за Спарси.
Винсент Јансен беше промашување, Лјоренте солидно се покажа но не е тоа тоа.
Сега во Шпанија се чини пронајдоа идеално решение, со оглед на тоа дека на радарот на тимот се најде Уругвајецот, Макси Гомез.
Тој порано беше поврзуван со Вест Хем, но не го менуваше клубот, остана во Селта, за да се обиде да му помогне на клубот од Виго да опстане во Примера.
Сепак, Селта би можела да заврши во Сегунда, но и да не заврши, неколкумина играчи дефинитивно ќе ја напуштат.
Меѓу нив е и Макси Гомез, за кој Тотенхем е подготвен да издвои 30 милиони евра, иако Уругвајецот има откупна клаузула од 50 милиони евра.