Тотенхем најде замена за Кејн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Хари Кејн најверојатно ќе го напушти Тотенхем ова лето, а како негова следна дестинација се споменува Баерн Минхен.

Кејн има договор на уште една сезона во премиерлигашот и газдата Даниел Леви не сака да ризикува за да го загуби бесплатно следното лето.

Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем пронашол негова замена, а изборот паднал на Џонатан Дејвид од Лил.

Интерес за Дејвид постои и од Њукасл, Челси и Милан, па останува да видиме кој ќе ја добие битката.