Тотенхем по подоброто изведување на пеналите се пласира во четвртфиналето во Лига Купот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Тотенхем успеа да се пласира во четвртфиналето од Карабао Купот откако по пенал рулетот беше подобра од тимот на Челси.

Домашниот тим имаше негатива во голем дел од натпреварот, но истата беше анулирана пред самиот крај, па на крај натпреварот замина во пенал рулетот во кој подобар беше токму Тотенхем.

Челси поведе со голот на Тимо Вернер уште во 19. минута, а Тотенхем до израмнување дојде дури во 83. минута кога мрежата на Менди ја затресе Ерик Ламела.

Во пенал рулетот сите изведувачи на Тотенхем беа прецизни, додека кај Челси последниот пенал не го искористи Мејсон Маунт.