Тотенхем победи, но Мурињо пак не е задоволен! ?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пред една недела Жозе Мурињо се јави на својот профил на Инстаграм по поразот од Антверпен.

Синоќа ја продолжи неговата традиција. Тотенхем успеа да слави, и тоа во Бугарија против Лудогорец со 3-1, а головите ги постигнаа Хари Кејн, Лукас и Ло Селсо, но ниту трите бодови не беа доволни за Мурињо.

Португалецот објави слика со своите фанови на Инстаграм, па може да го видиме како јаде пред враќањето во Лондон со опис на своето расположение.

„Кога ќе победиш, но не си играл добро“, напиша Мурињо.