Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тотенхем славеше на гости кај незгодниот Брајтон со 1-0 со голот на Хари Кејн во 22. минута, а тоа го врати лондонскиот тим во битката за врвот од табелата.
Кејн се најде во вистинско време на вистинско место во 22. минута и ја затресе мрежата на Брајтон, а овој триумф беше посветен за починатиот тренер Џан Пјеро Вентроне.
Фудбалерите имаа маички со натпис „Џан Пјеро – секогаш во нашите срца“, а имаше и едноминутно молчење пред натпреварот, додека навивачите потоа го скандираа името на починатиот помошник на тренерот Антонио Конте.
There's only one, Gian Piero 💙 pic.twitter.com/hhz5tMugPV
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) October 8, 2022