Тотенхем полека ја составува листата за засилувања, заинтересирани за уште еден играч од Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми претходните неколку денови пренесоа дека Тотенхем речиси сигурно во своите редови ќе донесе две звучни засилувања како слободни агенти.

На „Вајт Харт Лејн“ би требало да пристигнат Вилијан од Челси и Томас Меуние од ПСЖ и двајцата без никакво обесштетување.

Сега, „Дејли Телеграф“ пишува дека од клубот се подготвуваат да испратат понуда за фудбалерот на Саутемптон, Пјер Емил Хојберг.

Хојберг кој е поранешен играч на Баерн Минхен ќе треба да претставува замена за Тангуј Ндомбеле кој по само една сезона веројатно ќе си оди од клубот.