Тотенхем посакува поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем е во потрага по напаѓач кој ќе биде резервна опција за Хари Кејн во текот на оваа сезона.

„Петлите“ се поврзуваа со неколку имиња, а сега „Дејли Мејл“ пишува дека клубот ќе трген по потписот на Џошуа Кинг од Борнмут.

Кинг беше пред трансфер и во неговиот поранешен тим Манчестер Јунајтед во јануари, но тогаш Борнмут не се договори со „ѓаволите“ па тој остана на „Виталити“.

Сега кога „вишните“ испаднаа во Чемпионшип лигата, Кинг би можел да си оди и да направи трансфер во Тотенхем.