Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Тотенхем се интересираат во своите редови да го донесат напаѓачот на Фенербахче, Ведат Муриќи.
Косовскиот напаѓач со своите одлични игри го привлече вниманието на повеќе европски клубови кои ќе може да го добијат по сосема прифатлива цена.
Тотенхем ќе нема многу пари за трошење, па затоа сума од пет милиони фунти за напаѓач од типот на Муриќи, кој одлично се снаоѓа во казнениот простор и кој годинава постигна 15 погодоци за Фенер, ќе му дојдат добредојдено на „петлите“.
Освен Тотенхем, за Муриќи има сериозен интерес и од италијанските Лацио и Наполи кои исто така ќе се обидат да го донесат во своите редови.