Тотенхем се „наостри“ за Манчестер Јунајтед, си одигра меѓусебен натпревар на „Вајт Харт Лејн“ (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Тотенхем во текот на денешниот ден имаа прилика да видат како ќе изгледа еден натпревар пред празни трибини на својот стадион, „Вајт Харт Лејн“.

Петлите поделени во два тима одиграа натпревар кој не траеше 90 минути, но на кој Жозе Мурињо можеше да провери до каде е подготовката на своите играчи.

Посебен акцент беше ставен врз Хари Кејн кој долго време беше отсутен од терените поради повреда, но сега се врати во тимот и ќе може да му помогне на Тотенхем во битката за Топ 4 на табелата.

Тотенхем ќе го пречека Манчестер Јунајтед на „Вајт Харт Лејн“ во петок, 19 јуни во еден од првите натпревари по враќањето на Премиер лигата.