Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерот на Тотенхем Џафет Танганга го продолжи договорот со клубот од Северен Лондон до 2025 година.
Младиот дефанзивец кој потекнува од школата на Тотенхем доби шанса оваа сезона и под водство на Мурињо одигра на 13 натпревари.
Англичанецот остави добар впечаток па од клубот одлучија веднаш да му понудат нов договор со кој би го врзале во клубот во следните години.
Според медиумите на Островот, Танганга ќе добие дури 25 пати поголема плата од таа што ја заработува сега, па наместо 1000 фунти неделно, ќе заработува 25.000 фунти неделно.