Тотенхем со услуга за Манчестер Јунајтед и Челси, резултатски го декласираше Лестер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екипата на Лестер претрпе тежок удар во битката за пласман во првите четири на табелата во Премиер лигата и со тоа пласман во Лигата на шампионите.

„Лисиците“ како гости загубија од Тотенхем со убедливи 3:0 и со тоа дополнително си го отежнаа патот кон пласман во Лигата на шампионите.

Џејмс Џасти си постигна автогол, а потоа Хари Кејн со два погодоци го дотолчи тимот на Брендан Роџерс уште во првиот дел.

Манчестер Јунајтед и Челси вечерва играат меѓусебно во ФА Купот, а доколку во следното коло слави против Вест Хем ќе го помине Лестер кој сега ја загуби и предноста во гол разликата.

Во последното коло Лестер ќе го пречека Манчестер Јунајтед, а доколку „ѓаволите“ го совладаат Вест Хем со повеќе голови разлика ќе може да си дозволат поопуштено да влезат во средбата на „Кинг Пауер“.