Тотенхем стигна до важна победа во дербито против Евертон


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Тотенхем славеше минимална, но многу важна победа во денешната дерби пресметка против Евертон.

Избраниците на Жозе Мурињо славеа со 1:0 и со овие три бода останаа колку толку во трка за Лигата на шампионите.

Единствениот погодок на средбата падна во првото полувреме кога дефанзивецот на Евертон, Мајкл Кин сам си го совлада сопствениот голман.

Она што привлече внимание од овој натпревар беше и караницата меѓу Лори и Сон кои по крајот на првото полувреме за малку ќе влезеа во физичка пресметка.