Тотенхем уште еднаш киксираше и се збогува со Лигата на шампионите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Тотенхем не успеа да слави на гостувањето на „Виталити“ кај тимот кој грчевито се бори за опстанок, Борнмут.

Избраниците на Жозе Мурињо одиграа уште еден блед натпревар на кој не упатија ниту еден удар во рамките на голот на Ремсдејл, а на крајот конечниот резултат беше 0:0.

„Петлите“ може да бидат среќни затоа што во 90. минута на Борнмут му беше поништен погодок кој дополнително ќе ги шокираше гостите.

Во останатиот натпревар од Премиер лигата кој започна во 19:00 часот, Евертон и Саутемптон ги поделија бодовите играјќи 1:1.