Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипите кои се во трка за четвртата позиција на табелата во Англија, Лестер и Тотенхем славеа победи во вечерашните средби против своите противници.
Тотенхем со судни маки го совладатимот на Норвич со 2:1, со гол постигнат во финишот на натпреварот.
Тотенхем дојде до водство со голот на Деле Али во 38. минута, а израмнување на резултатот стигна во 70. минута кога Пуки погоди од белата точка. Девет минути траеше радоста на Норвич затоа што Сон во 79. минута го постави конечниот резултат.
Лестер со головите на Барнс, Переира и Перез кој погоди два пати со убедливи 4:1 славеше против Вест Хем и остана на третата позиција на табелата со најголеми шанси да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.