Тоти не му верува на Гасперини: На Рома ѝ треба човек со силен карактер!


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Рома, поранешниот капитен на тимот, Франческо Тоти, изјави дека сè уште треба да се биде трпелив кога станува збор за доаѓањето на Ѓан Пјеро Гасперини на клупата на Рома.

Тој вели дека за новиот тренер на Рома е потребен авторитет и голема личност.

„За да се тренира Рома потребна е голема личност. Не знам дали да бидам доверлив или не, ајде да го оцениме. Не можам сега да судам”, рече тој.

Пред само неколку недели, Тоти зборуваше за своите желби за тренерот на Рома и зборуваше за Конте, Де Зерби или Анчелоти.

Неодамна, Тоти играше на хуманитарен натпревар во Парма, каде што постигна гол од центарот.

Имаше едно интересно прашање, дали Тоти денес би бил меѓу најдобрите 20 играчи во светот.

“Би бил меѓу првите три. Искрено, во моментов не гледам ниту еден активен играч во Европа кој е посилен од најдобриот Тоти”, рече тој.

Фото: Принтскрин