Тоти откри дека имал понуда од Реал Мадрид: Ми понудија се, само не можеа да ми дадат една работа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Франческо Тоти зборуваше за тоа дека бил блиску до премин во Реал Мадрид во врвот на неговата играчка кариера.

Сепак, и покрај одличната понуда, Тоти одлучил истата да ја одбие и да остане лојален на Рома каде подоцна стана култна личност и икона на клубот.

„Бев 80% подготвен за трансфер во Реал Мадрид. Тоа не беше најдобар период за Рома, иако управата правеше се што барав. Реал ми понуди многу пари, ми понудија договор од 25 милиони евра. Ми нудеа се, освен капитенската лента, која не можеа да ја дадат затоа што таа припаѓаше на Раул. Раул беше единствениот кој можеше да има поголем договор од мене“ –истакна Тоти.

Тоти целата своја кариера ја помина во Рома играјќи во овој клуб од 1992 до 2017 година, а во клубот од Рим запиша над 600 натпревари само во Серија А.