Тоти со неочекуван коментар: На младиот Тоти би му кажал да не оди во Рома


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Легендарниот поранешен фудбалер на Рома, Франческо Тоти даде неочекувана изјава за неговиот поранешен клуб.

Имено, Франческо Тоти ја напушти Рома во 2017 година и сега даде неочекувана изјава во која посочи дека би го советувал младиот Тоти да не се пресели во Рома.

Со тоа тој меѓу редови ги предупреди и фудбалерите да не одат во клубот кој сака само да направи профит од нив.

„Да бев агент не би го пратил младиот Тоти да игра во Рома затоа што тие ќе го продадат многу брзо“ –изјави Тоти за „ДАЗН“.