Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Тотнем се возбудени по најновата изјава на претседателот на клубот Даниел Леви, кој кажа дека има откупна клаузула за Хари Кејн.
Кејн летово замина во Баерн Минхен, но во договорот меѓу екипите била вградена откупна клаузула чија сума засега не се открива.
„Постои клаузула според која може да го купиме повторно“, кажал Леви.
Англискиот голгетер летово го засили Баерн Минхен за 100 милиони фунти, па така замина по две децении поминати во Тотнем, каде што пристигна од Вотфорд.
Кејн во кариерата одигра 435 натпревари за Тотнем и постигна 280 голови.