Тотнем во „тесно“: Кејн донел одлука која ќе го налути Леви


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Хари Кејн не сака да потпише нов договор со Тотнем и веќе му ја соопштил одлуката на претседателот на тимот, Даниел Леви.

Ова е дополнителен удар за Леви, кој сакаше да го задржи Англичанецот, но сега мора да размисли за негова продажба.

Доколку не го продаде ова лето, тогаш Тотнем следната сезона ќе го загуби Кејн целосно бесплатно.

Како следна дестинација на Кејн се споменува Баерн Минхен, кој досега испрати две понуди до премиерлигашот, но истите беа одбиени.