Трајковски: Верувам дека Гатузо е добар избор за Италија


Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Во услови на неизвесност околу неговата клупска иднина, македонскиот репрезентативец Александар Трајковски гостуваше на италијанската телевизија „Спорт Италија“ и го сподели своето мислење за најновиот тренер на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо.

Трајковски, кој претходната сезона работеше со Гатузо во Хајдук Сплит, ја поздрави одлуката на Италијанската фудбалска федерација.

„Многу сум среќен за Гатузо. Верувам дека тој е одличен избор за италијанската селекција. Го познавам добро, знам како работи и колку е посветен. Мислам дека ќе внесе енергија и дисциплина во тимот,“ истакна Трајковски.

Фото: Принтскрин