Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Возбудата во хрватската Прва лига го достигнува врв, со тоа што Хајдук Сплит сè уште се надева на шампионската титула. Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, одигра клучна улога во последниот меч со директниот ривал Риека, каде што постигна решавачки гол со глава за победа од 2-1, и на тој начин го задржа клубот во трката за првото место.
С овој успех, Хајдук продолжува да биде конкурент за трофејот, и исходот на првенството ќе се реши дури во последното коло. Трајковски, кој се етаблираше како еден од главните херои на клубот од Сплит, испрати мотивирачка порака до фановите на неговите социјални мрежи по завршувањето на натпреварот.
„Веруваме до самиот крај!“, напиша Трајковски, со што јасно покажа дека тимот нема намера да се откаже од сонот за титула.