Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Подготовките за квалификациите за Светското првенство започнаа денес за македонската фудбалска репрезентација, и тие ќе се соочат со Белгија и Казахстан. Тимската атмосфера е добра, а Александар Трајковски го изрази своето задоволство од ангажманот и желбата на своите соиграчи.
Трајковски даде изјава во медиумите дека играчите се посебно мотивирани за предстоящиот натпревар со Белгија – тим кој се смета за фаворит и кој секогаш претставува предизвик.
„Сезоната скоро завршува, но овој циклус е важен за нас и мораме максимално да се фокусираме. Имаме натпревар против Белгија во Скопје, а потоа следи Казахстан. Пред нас е тежок период, но по овој циклус ќе можеме да се одмориме. Сега мораме да го дадеме максимумот за да го извлечеме најдоброто од себе. Имаме доволно време за подготовка. Во Белгија имам играно, но помина многу време, нивната репрезентација е променета. Имаат млади играчи и мислам дека ни престои различен натпревар. Секогаш постои мотив, на секој натпревар, особено кога играте против посилна екипа“, изјави Трајковски.
Фото: Принтскрин