Трабзонспор сака да го купи Адеми од Пекинг Гуан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми игра во кинески Пекинг Гуан, а турските медиуми пишуваат дека наскоро би можел да ја промени екипата.

Трабзонспор бил заинтересиран за Адеми и почнал преговори со Пекинг за да го земе одличниот фудбалер.

Тренерот Ненад Бјелица добро го познава 32-годишниот Адеми, затоа што заедно соработуваа во Динамо Загреб, па останува да видиме дали Трабзонспор ќе се договори со Пекинг за трансфер.

Адеми играше за Динамо Загреб пред да се пресели во Пекинг Гуан.