Трабзонспор за трансферот на Барди ќе плати околу 10 милиони евра


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска пристигна во Трабзон каде што треба да има медицински прегледи, по што ќе потпише договор со турскиот шампион.

Трабзонспор за услугите на Барди ќе потроши 10 милиони евра, односно три милиони евра ќе добие Леванте, додека остатокот ќе биде за македонскиот фудбалер.

Барди по пет години си заминува од Шпанија, каде што пристигна во 2017 година од Ујпешт, па во изјава за медиумите кажа дека сака да си го оствари сонот со Трабзонспор и да заигра во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Претходно во турскиот шампионат пристигна уште еден македонски репрезентативец, а тоа е Езгјан Алиоски кој ќе игра за Фенербахче.