Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голема трагедија ја потресе Сенегал и спортската јавност во Африка – младиот фудбалски голман, 18-годишниот Шеик Туре, брутално беше убиен во Гана, откако го киднапираа криминалци кои му ветиле лажно проба во професионален клуб.
Како што потврди Министерството за афричка интеграција и надворешни работи на Сенегал, Туре беше измамен од група вооружени уценувачи, кои го намамија под изговор да оди на фудбалски пробен тренинг. Го киднапираа и бараа откуп од 1300 евра од семејството, но и покрај обидите за собирање на парите, злосторниците не го поштедија неговиот живот.
Телото на младиот човек беше најдено во Гана, а сенегалските власти, во соработка со тамошната полиција, започнаа истрага за да ги разјаснат сите околности на овој страшен случај. Туре беше дел од фудбалската академија “Есприт Фут Јеумбул”, а во тек е процесот на враќање на неговите останки во татковината.
Министерството изрази “најдлабоко сочувство до семејството” и ги повика сите млади спортисти, тренери и родители да бидат исклучително внимателни во врска со повици и понуди за проби во странство, нагласувајќи ја важноста на користење на официјални канали и проверени информации.
Triste nouvelle pour le football sénégalais… 💔
— Foot Mercato (@footmercato) October 19, 2025
Le jeune gardien Cheikh Touré, espoir formé à Esprit Foot Yeumbeul, nous a quittés dans des circonstances dramatiques. 🕊️🇸🇳
Le jeune joueur aurait été piégé par un groupe d’individus mal intentionnés lui faisant miroiter des… pic.twitter.com/5x313gxWd3