Трагедија: Кошаркар почина по ужасен пад на натпревар


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Кошаркарот на Конорс Стејт колеџот, Итан Диц (20), почина поради тешката повреда на главата, што ја задоби при падот на натпреварот.

На натпреварот против Грејсон, кој се одигра во саботата во Тексас, несреќниот младиот беше сериозно повреден на главата. Веднаш беше префрлен во локалната болница, а од неговиот колеџ известија дека починал во вторникот.

„Итан беше играч каков што секој тренер би посакал. Тој беше талентиран и ја разбираше важноста на макотрпната работа. Имаше одличен карактер и беше фантастичен соиграч”, изјави главниот тренер Бил Мус.

Итан имаше извонредна сезона во дресот на Конорс, со просек од 11 поени и 9.4 скока по натпревар.

.