Трагедија во Копа Либертадорес: Стампедо на стадионот, загинале две лица!? (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Непосредно пред натпреварот од второто коло на Копа Либертадорес, каде се сретнаа Коло Коло и Форталеза, две лица загинаа.

Група навивачи се обидоа да пробијат до секторот „Кауполикан“, ја срушија оградата, ситуацијата брзо ескалираше и настана стампедо.

Полицијата употреби солзавец, а очевидци и прелиминарни извештаи укажуваат дека возило прегазило две лица кои биле заробени под срушената ограда. Неофицијално, жртвите се 18-годишна девојка и 13-годишно момче.

Фото: Принтскрин