Трагедија: Фудбалер загина неколку дена пред заминување во МЛС


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Талентираниот фудбалер Едер Шмиќ Валенсија трагично го загуби животот на 16 години, само неколку дена пред да го оствари трансферот во МЛС!

Валенсија загина во тешка сообраќајна несреќа додека бил на одмор во родната Колумбија. Младата ѕвезда требаше оваа недела да отпатува во САД и да потпише со Њујорк Ред Бул, откако го воодушеви со својот настап на „Under-16 Bulls Cup“ во февруари.

Според локалните извештаи, Валенсија требаше да ја претставува и колумбиската репрезентација до 17 години на Јужноамериканското првенство 2026 за возрасна група до 17 години.

Несреќата се случила во неделата наутро во градот Гуаќене, во близина на Кали, кога цистерна удрила во неколку возила на патот. Валенсија бил во сив автомобил кога се случил трагичниот инцидент. Причините за несреќата сè уште се истражуваат.