Трагедија: Почина поранешен фудбалер на ПСЖ и Марсеј!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Поранешниот марокански репрезентативец, кој го носеше дресот на ПСЖ и Марсеј, Абделазиз Барада починал од срцев удар.

Неговите поранешни клубови ја соопштија тажната вест и потврдија дека Барада го загубил животот.

В недела ќе биде одржана минута молк пред почетокот на дуелите на француските гиганти за кои играше Барада.

Фудбалерот одигра 28 меча за Мароко, а кариерата ја заврши во 2021 година. Освен за ПСЖ и Марсеј, го носеше и дресот на Хетафе, Ал Џазира, Ал-Наср и други.