Трагедија прекина блескава кариера: Сонуваше злато на ОИ во Токио, а потоа падна од 150 метри!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Големата надеж на францускиот спорт, 16-годишната Луси Дуади го загуби животот по падот од една карпа.

Таа беше светска јуниорска шампионка во спортско искачување, па требаше да биде дел и од Олимписките игри во Токио во 2021 година.

Во близина на својот дом во југоисточна Франција со пријателите замина на карпа, се лизна и падна во провалија висока 150 метри. Уште не се познати сите детали како се случила големата трагедија.

„Луси беше многу перспективна, млада спортистка од француската репрезентација. Имаше само 16 години и имаше светла иднина. Цел француски Сојуз е во жалост“, порачаа од Франција.