Трагедија во Германија: Албански фудбалер изгоре во сообраќајка!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Албанскиот фудбалер од Косово, Амир Адеми почина во сообраќајка, па зад себе ги остави своите родители и помлада сестра и помлад брат.

Во вторникот на социјалните мрежи се појави информацијата дека младиот албански фудбалер го загубил животот во Германија.

Соопштение за тоа беше објавено на Фејсбук од албанскиот клуб ФК Косово Регенсбург.

„Драги браќа и сестри. Со големата тага и болка објавуваме дека нашиот брат, пријател Амир Адеми почина по сообраќајката, која се случи вчера вечер. Сочуство до семејството и пријателите за големата загуба. Амир секогаш ќе биде во нашите срца“, пишува во соопштението.

Адеми возел Пежо додека во него удрил Пасат, чиј возач бил повреден и однесен во болница, додека фудбалерот починал.