Трагедија: Загина поранешен фудбалер на Барселона во сообраќајка во Аргентина

Поранешниот фудбалер на Барселона, Макси Ролон од Аргентина го загуби животот во сообраќајка во татковината.

Неговото возило преминало на спротивната страна, при што излетало од патот и удрило во дрво, а во несреќата загинал и неговиот повозрасен брат Ариел Ернан Ролон, кој исто така беше фудбалер.

Ролон мина четири години во академијата на Барселона, а две сезони настапуваше за вториот тим на клубот, по што играше во Бразил, Чиле, Еквадор и Ирак.

„Тажни сме поради вестите за Ролон, младински фудбалер на Барселона од 2010 до 2016 година. Сочуство и поддршка до неговото семејство. Почивај во мир“, соопшти Барселона.