Трајковски избран во тимот на колото во С. Арабија заедно со Роналдо!

Македонскиот фудбалер Александар Трајковски се најде во тимот на колото во Саудиска Арабија, откако беше еден од најдобрите во ремито на Ал Фехја и Ал Тавон (1-1).

Трајковски го постигна единствениот гол за својата екипа, па се најде во тимот на колото во С. Арабија, каде што е избран и Кристијано Роналдо кој постигна хет-трик за едно полувреме против Дамак (3-0).