Трајковски: Како да беше судено јас да постигнам гол каде што играв четири убави години


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Александар Трајковски беше херојот на македонската репрезентација во вчерашниот натпревар во Палермо.

Дефинитивно изминатата вечер за Трајковски беше една од најубавите во неговиот живот. Искусниот напаѓач денес, една ноќ по натпреварот порача дека се уште не се свесни што се случи.

„Очекував дека ќе има продолженија, но кога видов дека топката доаѓа кон мене шутирав со последни сили. Целиот фокус го ставив на тој последен шут, како да беше суден јас да постигнам гол на стадионот каде што поминав четири убави години“, вели Трајковски.