Трајковски: Ќе биде тешко, но пак имаме шанса да играме на ЕП!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија ги почнува возбудувањата во Лигата на нации, а првиот меч се игра против Бугарија на 2 јуни од 18 часот.

Македонските фудбалери ќе се обидат да направат исчекор во Лигата на нации и да го освојат првото место кое нуди нов бараж за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Напаѓачот на Македонија, Александар Трајковски кажа дека мора да бидат сконцентрирани пред напорниот период кој следи.

„Знаеме дека ќе биде напорно, но мора да го испочитуваме распоредот. Ние сме фудбалери и ќе дадеме максимум. Сега ни се отвора нова шанса за пласман на ЕП во 2024 година“, кажа Трајковски.