Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија утре од 18 часот во Скопје ќе игра против Гибралтар во четвртото коло од Лигата на нации, а селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на Александар Трајковски, а најверојатно и на Елиф Елмас.
Трајковски испадна од конкуренција за мечот против Гибралтар, а Елмас денеска се појави на тренинг, но не е сигурно дека ќе заигра, па Милевски кажа дека утре ќе донесе конечна одлука.
„Ќе видиме кои фудбалери ќе играат. Трајковски не е во комбинација, а Елмас засега не е сигурен. Имаме неколку играчи со настинка, а некои се исцрпени поради напорниот распоред“, вели Милевски.
ФОТО: ФФМ