Трајковски од Мајорка се сели во Данска


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Александар Трајковски ќе си ја побара среќата на друго место затоа што не добива шанса во екипата на Мајорка, а како негов следен тим се споменува дански Алборг.

Трајковски од 2019 година е во Мајорка, но не доби шанса, па сега ќе се пресели во Алборг, каде што сигурно ќе добива поголема минутажа.

Напаѓачот е втор најдобар стрелец во историјата на Македонија и стандарден член на најсилната македонска фудбалска репрезентација.

Трајковски претходно го носеше дресот и на Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен и Палермо.