Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија во четврток го игра баражот со Италија за Светското првенство, пред овој натпревар зборуваше и Александар Трајковски за кого ова ќе биде враќање во Палермо каде што помина прекрасни години.
Трајковски верува во изненадување и сака Италијанците да не потценат, а ние да им покажеме колку вредиме.
„Кога слушнав дека натпреварот ќе се игра во Палермо бев многу среќен затоа што поминав многу убави четири години во тој клуб и во тој град. Сите знаеме колку е важен овој натпревар за нас и за целата Македонија, верувам во нас и во моите соиграчи дека ќе успееме да ја израдуваме Македонија. Ќе го дадеме нашиот максимум и ќе направиме се за да дојдеме до добар резултат. Никогаш не е убаво да потцените противник, но искрено јас сакам да не потценат, а потоа да им покажеме колку згрешиле. Ние имаме одлични играчи кои играат во одлични лиги, тоа го покажавме и до сега, па се надевам и во овој натпревар ќе ја покажеме нашата вредност“, вели Трајковски.