Трајковски, сепак, не се сели во Лисабон: Македонецот пред трансфер во италијански гигант!?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Португалските медиуми вчера објавија дека Александар Трајковски би можел да се пресели во Португалија, од кадешто за македонскиот репрезентативец интерес покажа Спортинг Лисабон, кадешто настапува Стефан Ристовски.

Спортинг Лисабон има подготвено понуда за македонскиот напаѓач, а наводно сака да му понуди четиригодишна соработка, но планот на португалскиот клуб сака да му ги расипе италијански гигант.

Италијанските медиуми денеска објавија дека Милан е заинтересиран за Трајковски, кој можат без проблеми да го донесат, а притоа може да добијат квалитетно засилување и тоа бесплатно.

Секако, епилог на целата ситуација се очекува до крајот на летото, па останува да видиме каде ќе се пресели Трајковски.