Трамп откри каде и кога ќе биде одржана ждрепката за Светското првенство


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Светскиот куп во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико е на програмата наредната година, а американскиот претседател Доналд Трамп ја информира јавноста кога ќе биде одржана ждрепката за најголемиот планетарен настан.

Сите репрезентации што ќе се пласираат на ова натпреварување, своите противници ќе ги дознаат на 5 декември во “Кенеди центарот” во Вашингтон.

– Тоа е веројатно најголемиот спортски настан – изјави Доналд Трамп, додека покрај него стоеше претседателот на Светската фудбалска федерација (FIFA), Џани Инфантино.

Ова Светско првенство ќе биде историско, бидејќи на него ќе учествуваат 48 репрезентации, додека досега патот до врвот го бараа “само” 32 национални тимови.

Фото: Принтскрин