Трансфер-бомба на „Стемфорд бриџ“: Челси зема уште една ѕвезда од Бундеслигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси има големи амбиции следната сезона, а тренерот Франк Лампард конечно ќе ги добие посакуваните засилувања.

Отакко беше потврден трансферот на Хаким Зијех, во медиумите се појавија информации дека во Лондон ќе пристигне и Тимо Вернер од Лајпциг.

Сепак, Челси сака да ангажира уште неколку фудбалери од Бундеслигата, а еден од нив е талентираниот Каи Хаверц од Баер Леверкузен.

Младиот фудбалер ќе го чини Челси околу 70 милиони евра, а лондонскиот гигант засега води во битката за неговиот потпис.

Освен Челси, за Хаверц интерес покажаа и Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул од Премиерлигата.